
Дигитален потпис
Можете да креирате дигитален потпис со вашиот телефон ако вашата SIM картичка
има безбедносен модул. Дигиталниот потпис е исто како потпис од вашето име на
хартиена сметка, договор или друг документ.
В е б
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
72

За да креирате дигитален потпис, изберете врска на страницата (на пример,
насловот на книгата што сакате да ја купите и нејзината цена). Текстот што треба
да се потпише е прикажан и може да ги содржи износот и датумот.
Проверете дали заглавието е Read и дали е прикажана иконата за дигитален
потпис
. Ако иконата на дигитален потпис не се појавува, постои безбедносно
нарушување; не внесувајте никакви лични податоци (како што е вашиот PIN за
потпис).
За да го потпишете текстот, прво прочитајте го целиот текст, а потоа изберете
Sign. Текстот може да не го собира во еден екран. Поради тоа, уверете се дека сте
го поминале и прочитале целиот текст пред да потпишете.
Изберете го корисничкиот сертификат која сакате да ја користите и внесете PIN за
потпис. Иконата за дигитален потпис исчезнува и услугата може да прикаже
потврда на вашата набавка.