Поставки за услужното сандаче
Изберете Menu > Web > Settings > Service inbox sett. и од следниве опции:
● Service messages — за да поставите дали сакате да примате услужни пораки
● Message filter — Изберете On за да го поставите уредот да прима услужни
пораки со содржина само од автори одобрени од добавувачот на услуга. За да
ја видите листата со содржина од одобрени автори, изберете Trusted
channels.
● Autom. connection — Изберете On за да го поставите уредот автоматски да го
активира прелистувачот од режимот на чекање, кога уредот примил услужна
порака. Ако изберете Off, уредот го активира прелистувачот само откако сте
избрале Retrieve кога уредот примил услужна порака.