
Заклучување на мемориската картичка
Поставете лозинка за да ја заклучите вашата мемориска картичка против
неовластена употреба.
Изберете го фолдерот на мемориската картичка
и Options > Set password.
Лозинката може да биде долга до осум знаци. Лозинката е зачувана во вашиот уред
и не мора повторно да ја внесувате додека ја користите мемориската картичка на
истиот уред. Доколку сакате да ја користите мемориската картичка на друг уред,
ќе бидете прашани за лозинката.
За да ја избришете лозинката, изберете Options > Delete password.