Грижа и одржување
Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и изработка и кон него треба
грижливо да се однесувате. Следниве сугестии ќе ви помогнат да ја заштитите
важечката гаранција.
● Чувајте го уредот сув. Врнежите, влажноста и сите типови на течности и влага
можат да содржат минерали кои ќе ги кородираат електронските кола. Ако
вашиот уред сепак се навлажни, отстранете ја батеријата и оставете уредот
целосно да се исуши пред да ја вратите.
● Не користете го или не чувајте го уредот во прашливи, валкани места. Неговите
подвижни делови и електронски компоненти може да се оштетат.
● Не чувајте го уредот на топли места. Високите температури може да го скратат
векот на електронските уреди, да ги оштетат батериите и да искриват или
растопат одредени пластични делови.
● Не чувајте го уредот на студени места. Кога уредот се враќа на нормална
температура, во внатрешноста на уредот може да се формира влага и да ги
оштети плочите на електронските кола.
● Не обидувајте се да го отворите уредот на друг начин освен како што е наведено
во ова упатство.
● Не испуштајте го, не удирајте го и не тресете го уредот. Грубото ракување може
да ги скрши внатрешните печатени кола и прецизната механика.
● Не користете груби хемикалии, раствори за чистење или јаки детергенти, за
чистење на уредот.
● Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави подвижните делови и да
спречи правилно функционирање.
● Користете мека, чиста, сува ткаенина за чистење на било кои леќи, како што се
камерата, сензорот за близина и леќите на светлосниот сензор.
● Користете ја само антената што е приложена или нејзина одобрена замена.
Неодобрените антени, модификации или приклучоци можат да го оштетат
уредот и да ги нарушат прописите кои се однесуваат на радио уреди.
● Користете ги полначите во затворен простор.
● Секогаш направете резервна копија на податоците кои сакате да ги зачувате,
како што се контакти и календарски белешки.
● За да го ресетирате уредот од време на време за оптимални перформанси,
исклучете го уредот и отстранете ја батеријата.
Овие сугестии се однесуваат подеднакво на вашиот уред, батерија, полнач или
било кој додаток. Ако било кој уред не работи правилно, однесете го до
најблискиот овластен сервис.
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
78