ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА (SAR)
Овој мобилен уред ги следи упатствата за изложеност на радио бранови.
Вашиот мобилен уред е радио предавател и приемник. Тој е дизајниран да не ги
надмине ограничувањата за изложеност на радиобранови препорачани со
меѓународните упатства. Овие упатства се развиени од независната научна
организација ICNIRP и содржат безбедносни коефициенти проектирани за да се
осигури заштитата на сите лица, без оглед на возраста и здравјето.
Упатствата за изложеност кај мобилните уреди користат единица мерка позната
како Специфична апсорпциона стапка или SAR. Ограничувањето за SAR наведено
во упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/килограм (W/kg) во просек на 10 грама ткиво.
Тестовите за SAR се изведуваат со користење стандардни работни положби при
што уредот емитува на највисокото сертифицирано ниво на енергија во сите
тестирани фреквенциски должини. Вистинското ниво на SAR на уред кој работи
може да биде под максималната вредност бидејќи уредот е дизајниран да ја
користи само енергијата што е потребна за да допре до мрежата. Таа количина се
менува во зависност од бројни фактори, како на пример, колку сте блиску до
мрежната базна станица. Највисоката SAR вредност според упатствата на ICNIRP за
употреба на уредот на увото е 0,50 W/kg.
Употребата на опрема и додатоци за уредот може да резултира со различни SAR
вредности. Вредностите на SAR може да се разликуваат во зависност од
националните барања за известување и тестирање и од брановата должина на
мрежата. Дополнителни информации за SAR може да се најдат кај информација за
производот на www.nokia.com.
Д о п о л н и т е л н и с и г у р н о с н и и н ф о р м а ц и и
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
82