Nokia 7500 Prism - Потенцијално експлозивни средини

background image

Потенцијално експлозивни средини

Исклучете го вашиот уред во сите места со потенцијално експлозивна атмосфера

и почитувајте ги сите знаци и инструкции. Потенцијално експлозивните атмосфери

вклучуваат места каде нормално се советува да се исклучи моторот на вашето

возило. Искрите во такви места можат да предизвикаат експлозија или пожар што

може да резултира со телесна повреда па дури и смрт. Исклучете го Вашиот уред

на места каде се полни гориво како што се пумпите за гориво на бензинските

станици. Следете ги ограничувањата за користење радио опрема во места за

складирање, чување и дистрибуција на гориво, хемиски постројки или каде се во

тек експлозии. Местата со потенцијално експлозивна атмосфера често, но не

секогаш се јасно означени. Тие вклучуваат места под палубата на бродовите,

постројки за пренос или чување на хемикалии, возила кои користат течен гас (како

што се пропан или бутан) и места во кои воздухот содржи хемикалии или честички

како зрна, прашина или метален прав.