Nokia 7500 Prism - Заедничка меморија

background image

Заедничка меморија

Следниве одлики на овој уред може да користат заедничка меморија: галерија,

контакти, текстуални пораки, мултимедијални и инстант пораки, e-mail, календар,

белешки за обврски, Java™ игри и апликации и апликација за белешки. Употребата

на една или повеќе од овие одлики може да ја намали достапната меморија за

останатите одлики што споделуваат меморија. Вашиот уред може да покаже

порака дека меморијата е полна кога се обидувате да ја употребите заедничката

меморија. Во овој случај, избришете некои од информациите или записите

сместени во заедничката меморија пред да продолжите.