Nokia 7500 Prism - За ваша безбедност 

background image

За ваша безбедност

Прочитајте ги овие едноставни упатства. Непридржувањето кон нив може да биде

опасно или незаконски. Прочитајте ги целосно упатствата за корисникот за

понатамошни информации.

ВКЛУЧЕТЕ ГО БЕЗБЕДНО
Не вклучувајте го телефонот кога употребата на безжичен телефон е

забранета или кога тој може да предизвика пречки или опасност.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТОТ ДОАЃА НА ПРВО МЕСТО
Почитувајте ги сите локални закони. Рацете секогаш да Ви бидат

слободни за управување со возилото кога возите. Најважната работа

додека возите треба да Ви биде безбедноста на патот.
ПРЕЧКИ
Кај сите безжични уреди може да се јават пречки, кои може да влијаат

на нивната работа.
ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВО БОЛНИЦИ
Почитувајте ги ограничувањата. Исклучете го телефонот во близина на

медицинска опрема.
ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВО АВИОН
Почитувајте ги ограничувањата. Безжичните уреди може да

предизвикаат пречки во авионот.
ИСКЛУЧУВАЊЕ ПРИ ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
Не користете го телефонот на место каде полните гориво. Не користете

го во близина на гориво или хемикалии.
ИСКЛУЧУВАЊЕ ВО БЛИЗИНА НА ЕКСПЛОЗИИ
Почитувајте ги ограничувањата. Не користете го телефонот кога е во тек

експлозија.
КОРИСТЕТЕ ГО СООДВЕТНО
Користете го само во нормална позиција како што е објаснето во

документацијата за производот. Не допирајте ја антената непотребно.
КВАЛИФИКУВАН СЕРВИС
Само квалификувани лица може да го инсталираат или поправаат овој

производ.
ДОДАТОЦИ И БАТЕРИИ
Користете само одобрени додатоци и батерии. Не поврзувајте

некомпатибилни производи.
ВОДООТПОРНОСТ
Вашиот уред не е водоотпорен. Чувајте го сув.

© 2007 Nokia. Сите права се задржани.

8

background image

РЕЗЕРВНИ КОПИИ
Запомнете да направите резервни копии или да чувате пишани записи

за сите важни информации што се зачувани во Вашиот уред.
ПОВРЗУВАЊЕ СО ДРУГИ УРЕДИ
При поврзување со било кој друг уред, прочитајте ги неговите упатства

за корисникот за детални безбедносни инструкции. Не поврзувајте

некомпатибилни производи.
ИТНИ ПОВИЦИ
Осигурајте се дека телефонот е вклучен и е во употреба. Притиснете го

копчето за завршување онолку пати колку што е потребно да се

испразни екранот и да се вратите на почетниот екран. Внесете го итниот

број, потоа притиснете го копчето за повикување. Наведете ја Вашата

локација. Не прекинувајте го повикот додека не добиете дозвола за тоа.