Nokia 7500 Prism - За вашиот уред

background image

За вашиот уред

Безжичниот уред опишан во ова упатство е одобрен за употреба на мрежите EGSM

900 и GSM 1800 и 1900. За повеќе информации за мрежите контактирајте со вашиот

добавувач на услуги.
Кога ги користите одликите на овој уред, послушајте ги сите закони и почитувајте

ги локалните обичаи, приватноста и легитимните права на другите, вклучувајќи ги

и авторските права.
Заштитата на авторските права може да спречи некои слики, музика (вклучувајќи

ги и тоновите на ѕвонење), и други содржини да бидат копирани, модифицирани,

префрлени, или препратени.

Предупредување: За да користите било која одлика на овој уред, освен

алармот, уредот мора да е вклучен. Не вклучувајте го уредот кога употребата на

безжичен уред може да предизвика интерференција или опасност.