Вметнување microSD картичка
Користете само компатибилни microSD картички одобрени од Nokia за употреба со
овој уред. Nokia користи одобрени индустриски стандарди за мемориски картички,
но некои видови може да не се целосно компатибилни со овој уред.
Некомпатибилните картички може да ја оштетат картичката и уредот или
податоците сместени на картичката.
1. Исклучете го уредот и отстранете го задниот капак и батеријата од уредот.
2. Лизгајте го држачот на мемориската картичка за да
се отклучи (1).
З а п о ч е т о к
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
14
3. Отворете го држачот на картичката (2) и внесете ја
мемориската картичка во држачот на картичката со
површината на контактот завртена навнатре (3).
4. Затворете го држачот на картичката (4) и лизгајте го
за да се заклучи (5).
5. Вметнете ја батеријата и прикачете го задниот капак на уредот.