Инсталација на SIM картичка и батерија
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја отстраните
батеријата.
За постоењето и информациите за користење на услугите со SIM картичката,
контактирајте го Вашиот продавач на SIM картички. Тоа може да биде Вашиот
провајдер на услуги или друг продавач.
Овој уред е наменет за употреба со батеријата BL-4B. Секогаш употребувајте
оригинални Nokia батерии.
Видете "Упатства за проверка на Nokia
батерии" стр. 75.
SIM картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
или виткање, па бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
З а п о ч е т о к
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
13
1. Лизгајте го копчето за
ослободување (1) за да се
отклучи и отстранете го
задниот капак (2).
Отстранете ја батеријата
како што е прикажано (3).
2. Отворете го држачот на SIM
картичката (4). Вметнете ја
SIM картичката (5) со
површината на контактот
завртена надолу во држачот.
Затворете го држачот на SIM
картичката (6).
3. Внимавајте на контактите на
батеријата (7) и вметнете ја
батеријата (8). Поставете го
горниот дел од задниот капак
на уредот (9) и затворете го
(10).