Nokia 7500 Prism - Полнење и празнење

background image

Полнење и празнење

Вашиот уред се напојува со струја од батерија што се полни. Батеријата може да

се полни и празни стотици пати, но на крајот ќе се истроши. Кога времињата за

разговор и standby се значително пократки од нормално, заменете ја батеријата.

Користете само батерии одобрени од Nokia и полнете ја само Вашата батерија само

со полначи одобрени од Nokia наменети за овој уред.
Ако заменетата батерија се користи за прв пат или ако батеријата не е користена

подолго време, може да е неопходно да го приклучите полначот и потоа да го

исклучите и повторно да го вклучите за да започне полнењето.

И н ф о р м а ц и ј а з а б а т е р и ј а т а

© 2007 Nokia. Сите права се задржани.

74

background image

Отстранете го полначот од електричниот приклучок и од уредот кога не е во

употреба. Не оставајте ја целосно наполнетата батерија поврзана за полначот,

затоа што преполнувањето може да го скрати нејзиниот живот. Ако не се користи,

целосно наполнетата батерија ќе го изгуби своето полнење со текот на времето.
Ако батериојата е целосно испрзнета, може да потрае неколку минути пред

индикаторот за полнење да се појави на екранот или пред да можат да се направат

било какви повици.
Користете ја батеријата само за наменетата цел. Никогаш не користете било каков

полнач или батерија што е оштетена.
Не предизвикувајте краток спој со батеријата. Случаен краток спој може да се случи

кога метален објект како што е монета, спојувалка или пенкало предизвика

директно поврзување на позитивниот (+) и негативниот (-) крај на батеријата. (Тие

изгледаат како метални ленти на батеријата.) Ова може да се случи, на пример,

кога носите резервна батерија во Вашиот џеб или ташна. Краткото спојување на

краевите може да ја оштети батеријата или објектот што е поврзан.
Оставањето на батеријата на топли и ладни места, како што е затворен автомобил

во летни или зимски услови, ќе го намали капацитетот и векот на батеријата.

Секогаш обидувајте се да ја чувате батеријата помеѓу 15°C и 25°C (59°F и 77°F). Уред

со топла или ладна батерија може привремено да не работи, дури и кога батеријата

е целосно наполнета. Работата на батеријата особено е ограничена на температури

значително под точката на мрзнење.
Не ги фрлајте батериите во оган бидејќи може да експлодираат. Батериите можат

исто така да експлодираат ако се оштетат. Фрлете ги батериите во согласност со

локалните регулативи. Ве молиме рециклирајте кога е можно. Не фрлајте ја како

отпад од домаќинството.
Не ги расклопувајте или делите ќелиите или батериите. Во случај на течење на

батеријата, не дозволувајте течноста да дојде во контакт со кожата или очите. Во

случај на такво течење, веднаш измијте ги Вашите кожа и очи со вода или

побарајте медицинска помош.