Холограм за проверка
1. Кога го гледате холограмот на етикетата, од еден агол треба
да го видите симболот на Nokia дланки кои се поврзуваат, а
кога гледате од друг агол логото Nokia Оригинални
Додатоци.
2. Кога холограмот под некој агол ќе го свртите лево, десно,
долу и горе, треба да видите 1, 2, 3 и 4 точки на секоја страна
респективно.
3. Изгребете ја страната на етикетата за да откриете 20-
цифрен код, на пример, 12345678919876543210. Свртете ја
батеријата така што бројките да се свртени нагоре. 20-
цифрениот код се чита почнувајќи од бројот во горниот ред,
по кој следи долниот ред.
4. Потврдете дека 20-цифрениот код е валиден следејќи ги
инструкциите на www.nokia.com/batterycheck.
За да креирате текстуална порака, внесете го 20-цифрениот
код, на пример, 12345678919876543210 и испратете ја на +44
7786 200276.
Ќе се применат тарифи на националните и меѓународните
оператори. Треба да добиете порака која покажува дали
автентичноста на кодот може да биде потврдена.