Конфигурација
Можете да го конфигурирате вашиот уред со поставки кои се потребни за некои
услуги. Вашиот добавувач на услуги може и да ви ги прати овие поставки.
Видете
"Услуга за конфигурациски поставки" стр. 11.
Изберете Menu > Settings > Configuration и од следниве опции:
● Default config. sett. — за да ги видите добавувачите на услуги снимени во
вашиот уред. За да ги поставите конфигурациските поставки од добавувачот на
услуги како основни поставки, изберете Options > Set as default.
● Activ. def. in all apps. — за да се активираат основните конфигурациски
поставки за поддржаните апликации
● Preferred access pt. — за да ги видите снимените пристапни точки. Дојдете до
пристапна точка и изберете Options > Details за да го видите името на
добавувачот на услуги, носителот на податоци и пристапната точка за пакетни
податоци или GSM dial-up број.
● Connect to support — за да ги преземете конфигурациските поставки од вашиот
добавувач на услуги
● Device manager sett. — за да дозволите или спречите уредот да прима
софтверски ажурирања. Оваа опција може да не биде достапна, во зависност од
вашиот уред.
Видете "Софтверски ажурирања преку етерот" стр. 51.
● Personal config. sett. — за рачно да додадете нови лични сметки за различни
услуги и за да ги активирате или избришете. За да додадете нова лична сметка
ако немате додадено некоја, изберете Add; во спротивно, изберете Options >
Add new. Изберете тип на услугата и изберете ги и внесете ги сите потребни
параметри. Параметрите се разликуваат спрема избраниот тип на услуга. За да
избришете или активирате лична сметка, дојдете до неа и изберете Options >
Delete или Activate.