Пакетни податоци
GPRS (општо пакетна радио услуга) е мрежна услуга која дозволува мобилните
уреди да праќаат и примаат податоци преку мрежа базирана на интернет протокол
(IP).
За да дефинирате како да се користи услугата, изберете Menu > Settings >
Connectivity > Packet data > Packet data conn. и од следниве опции:
● When needed — за да ја поставите врска преку пакетни податоци да се
воспостави кога некоја апликација има потреба од неа. Кога апликацијата е
завршена, врската ќе биде затворена.
● Always online — за да го поставите уредот автоматски да се поврзе на
податочна мрежа кога ќе го вклучите уредот.
Можете да го поврзете уредот користејќи Bluetooth безжична технологија или
врска преку USB податочен кабел на компатибилен компјутер и да го користите
уредот како модем за да овозможите GPRS поврзаност од компјутерот.
За да ги дефинирате поставките за врски од вашиот компјутер, изберете Menu >
Settings > Connectivity > Packet data > Packet data settings > Active access
point и активирајте ја пристапната точка што сакате да ја користите. Изберете Edit
active access pt. > Alias for access point, внесете име за да ги смените поставките
на пристапната точка и изберете OK. Изберете Packet data acc. pt., внесете име на
пристапната точка (APN) за да воспоставите врска со мрежа и изберете OK.
Воспоставете интернет врска користејќи го вашиот телефон како модем.
Видете
"Nokia PC Suite" стр. 73.
Ако сте ги поставиле поставките и на вашиот компјутер и
на вашиот уред, се користат поставките од компјутерот.