Nokia 7500 Prism - Bluetooth безжична технологија

background image

Bluetooth безжична технологија

Bluetooth технологијата ви овозможува да го поврзете уредот на компатибилен

Bluetooth уред во опсег од 10 метри (32 стапки). Бидејќи уредите кои користат

Bluetooth технологија комуницираат користејќи радио бранови, вашиот уред и

другите уреди не мора да бидат во директна видна врска, иако врската може да

биде подложена на интерференција од пречки како што се ѕидови или од други

електронски апарати.
Овој апарат е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR поддржувајќи

ги следниве профили: општ пристап, мрежен пристап, размена на општ објект,

напредна аудио дистрибуција, далечинска аудио видео контрола, хендсфри,

слушалки, туркање објект, пренос на датотеки, dial-up вмрежување, SIM пристап

и сериски порт. За да обезбедите интероперативност помеѓу другите уреди што

поддржуваат Bluetooth технологија, за овој модел користете додатоци што се

одобрени од Nokia. Проверете кај производителите на другите уреди за да ја

утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Може да постојат ограничувања за користењето на Bluetooth технологијата на

некои локации. Проверете со Вашителокални власти или со операторот.
Карактеристиките што користат Bluetooth технологија, или дозволувањето такви

својства да се извршуваат во позадина при користење на други својства, ја

зголемуваат потребата за енергија на батеријата и го намалуваат животот на

батеријата.