
USB податочен кабел
Можете да го користите USB податочниот кабел за пренос на податоци меѓу уредот
и компатибилен компјутер или принтер кој поддржува PictBridge. Можете исто така
да го користите USB податочниот кабел со Nokia PC Suite.
За да го активирате уредот за пренос на податоци или печатење на слики, поврзете
го податочниот кабел. Потврдете „USB data cable connected. Select mode.“ и
изберете од следниве опции:
● Nokia mode — за да го користите кабелот за PC Suite
● Printing & media — за да го користите уредот со PictBridge компатибилен
принтер или со вашиот компатибилен компјутер
● Data storage — за да се поврзете на компјутер кој нема Nokia софтвер и да го
користите уредот како уред за сместување податоци
За да го смените USB режимот, изберете Menu > Settings > Connectivity > USB
data cable и саканиот USB режим.