7. Размена на пораки
Можете да читате, пишувате, праќате и снимате текстуални и мултимедијални
пораки, e-mail, аудио и флеш пораки. Услугата за размена на пораки може да се
користи само ако е поддржана од вашата мрежа или од добавувачот на услуги.
Забелешка: Вашиот уред може да покажува дека Вашата порака е
испратена до бројот на центарот за пораки програмиран во Вашиот уред. Вашиот
уред може да не покажува дали пораката е примена од оној на кого е пратена. За
повеќе детали околу услугите за праќање пораки, контактирајте со Вашиот
оператор.
Важно: Бидете внимателни при отварање на пораките. Пораките може да
содржат штетен софтвер или на друг начин да бидат штетни за Вашиот уред или
персонален компјутер.