Nokia 7500 Prism - Креирање текстуална или мултимедијална порака

background image

Креирање текстуална или мултимедијална порака

Изберете Menu > Messaging > Create message > Message. За да додадете

приматели, дојдете до полето To: и внесете го бројот или e-mail адресата на

примателот или изберете Add за да изберете приматели од достапните опции. За

да додадете Cc или Bcc приматели, изберете Options > Add recipient. За да го

внесете текстот од пораката, дојдете до полето Text: и внесете го текстот. За да

додадете тема за пораката, изберете Options > Add subject. За да приложите

содржина во пораката, дојдете до линијата со прилози на дното од дисплејот и

изберете го саканиот тип на прилог.
Типот на порака е означен на врвот од дисплејот, а промените автоматски зависат

од содржината на пораката.
За да ја пратите пораката, притиснете Send.
Операции што може да предизвикаат типот на пораката да се смени од текстуална

порака во мултимедијална порака вклучуваат, но не се ограничени на следново:
● Приложување датотека на пораката.
● Барање извештај за испорака.
● Поставување на приоритет за пораката на висок или низок.
● Додавање Cc или Bcc примател или тема на пораката или e-mail адреса во полето

за примателот.

Добавувачите на услуги можат да наплатат различно, во зависност од типот на

пораката. Проверете кај вашиот добавувач на услуги за детали.