
E-mail апликацијата користи врска преку пакетни податоци (мрежна услуга) за да
ви дозволи да пристапите на вашата e-mail сметка. Оваа e-mail апликација е
поинаква од SMS e-mail функцијата. За да ја користите e-mail функцијата на вашиот
уред, потребен ви е компатибилен e-mail систем.
Можете да пишувате, праќате и читате e-mail со вашиот уред и можете да добивате
известување за нов e-mail на вашата сметка. Вашиот уред поддржува POP3 и IMAP4
e-mail сервери. Оваа апликација не поддржува тонови на тастатурата.
Пред да можете да праќате и да добивате e-mail пораки, морате да добиете нова
или да ја користите вашата тековна e-mail сметка. За да ја проверите достапноста
и поставките на вашата e-mail сметка, обратете се кај вашиот добавувач на e-mail
услуги.
Можете да ги добиете e-mail поставките како конфигурациска порака.
Видете
"Услуга за конфигурациски поставки" стр. 11.
За да поставите преференции за вашиот e-mail, изберете Menu > Messaging >
Message settings > E-mail messages.
Видете "E-mail пораки" стр. 37.