
Читање и одговарање на e-mail
Важно: Бидете внимателни при отварање на пораките. E-mail пораките или
објектите во мултимедијалните пораки може да содржат штетен софтвер или на
друг начин да бидат штетни за Вашиот уред или персонален компјутер.
За преземање e-mail пораки кои биле пратени на ваша e-mail сметка, изберете
Menu > Messaging и вашата e-mail сметка. Потврдете за да се поврзете на
вашето e-mail сандаче. E-mail апликацијата прво ги презема само e-mail
заглавијата. Изберете e-mail и притиснете Open за да ја преземете комплетната e-
mail порака. Движете надолу за да ја видите e-mail пораката. Изберете Retrieve за
да преземете прилози. Изберете Options > Reply за да одговорите на e-mail.
Потврдете ја или уредете ја e-mail адресата и темата и креирајте ја вашата порака
со одговор. За да ја пратите пораката со одговорот, изберете го копчето Send. За
да ја завршите врската со вашето e-mail сандаче, изберете Options >
Disconnect. Исто така, врската со e-mail сандачето е автоматски завршена после
одредено време без активност.